Косово ќе може да ги следи заседанијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, без право да се обрати и да учествува во расправата, како и без право да гласа, најави во вторник претседателот на ПС на СЕ Жан Клод Мињон.На посебна седница на Собранието на Србија, Мињон рече дека е финализирана резолуцијата за Косово на ПС на СЕ во која се нагласува дека сите што живеат на Косово имаат право да уживаат во владеењето на правото.Тој додаде дека текстот на резолуцијата е финализиран и покрај тоа што 34 од 47 членки на СЕ ја признаваат косовската независност и нагласи дека СЕ се држи до политиката на статусна неутралност.Мињон порача дека Србија и целиот регион по секоја цена мораат да станат дел од заедницата на европски држави и наведе дека е свесен дека Косово е трнливо прашање, но дека мора да се реши за да се обезбеди траен мир и стабилност и како еден ден сите земји од регионот ќе бидат во СЕ и ЕУ.
МакфаксКосово ќе може да ги следи заседанијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, без право да се обрати