попова шапка

Млади лица заглавиле на Попова Шапка, ги спасиле со ратрак

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски лифтот Г-СТАЗАТА на Попова Шапка. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

-Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г – СТАЗАТА. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла истите не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри, соопштија од ЦУК.
РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на ратрак околу 16:00 часот младите лица биле симнати на безбедна локација и се во добра здравствена состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.