Рекордно ниски температури за овој период се измерни ова ведро утро во Македонија. Во Берово се измерени – 21 степен, во Битола -20, во Маврово -18, а во Струмица – 17 степени. Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.
На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово – 66 и во Крушево 27 сантиметри.
Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.