Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија.
Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
Граѓаните на Република Македонија кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, [email protected].