Модниот вкус на сопругата на Зоран Заев – црни панталони и проѕирен корсет: „Комбинацијата е популарна, но начинот на кој ја носи делува евтин…“

Сопругата на поранешниот премиер Зоран Заев, Зорица Заева, има препознатлив стил на облекување иако отсекогаш имала некој посебен однос кон модата.
Таа во јавноста не се појавува толку често, но понекогаш можеме да ја видиме на фотографии на социјалните мрежи.

Зорица овојпат била во друштво на својот личен стилист Драган Гоцев од Струмица и инфлуенсерката Љупка Митрова.
Овојпат за пригодата Зорица одлучила да носи црни, целосни панталони со корсет, косата ѝ била брановидно стилизирана, а шминката ја одликувал препознатливиот темен кармин кој таа обожува да го носи.

Модниот вкус на сопругата на Зоран Заев – црни панталони и проѕирен корсет: „Комбинацијата е популарна, но начинот на кој ја носи делува евтин…“

За „Репортер“ овојпат стајлингот го критикуваше модната критичарка The Other Lagerfeld:
„Зорица Заева ја покажа својата нова фигура во црни панталони и проѕирен црн корсет. Самата комбинација на опуштени панталони и корсет е доста популарна во овој период, но нешто со начинот на кој Заева го изнесува буквално проѕирниот корсет делува евтино и доста неелегантно. Дури би рекла дека начинот на којшто стои и е направено ова парче е не стилски. Добар корсет е тешко да се направи, тоа е вештина која се учи и вежба со години. Често се случува јавните личности да ги гледаме настегани во катастрофално изработени верзии на корсети“, е коментарот на модната критичарка The Other Lagerfeld.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.