Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе вчера ја доби наградата за најдобар играч во Лига 1, а церемонијата Мбапе ја искористи и уште еднаш да се збогува од клубот.
Мбапе пред неколку дена преку видеопорака ја соопшти својата одлука, а сега даде уште една изјава со која се збогуваше.
Во изјавата Мбапе не откри кој ќе биде неговиот следен клуб, но најави дека очекува тоа да биде возбудливо поглавје од неговата кариера.
„Моето следно поглавје, ќе биде многу возбудливо. Сакам да откривам нови работи и тоа ме прави среќен. Во овој момент ми е потешко од она што изгледа, затворам едно големо поглавје во мојата кариера. Постојат се обидував да бидам достоен претставник на Лига 1.
Сакам да се заблагодарам на луѓето во клубот и претседателот. Навистина ќе ми недостасувате, заминувам со високо крената глава. Мојот татко сакаше да испишувам историја во Лига 1 и среќен сум што до некаде и успеав. Мојот следен клуб? Сега не е вистинско време да откривам повеќе“, изјави Мбапе.