Исклучително интересна сцена е снимена по триумфот на Новак Ѓоковиќ на стартот на Завршниот Мастерс во Торино.
Најдобриот светски тенисер го победи Дејн Холгер Рун со 2:1 во сетови 7:6(4), 6(1:7, 6:3, во првото коло од Зелената група на завршниот АТП турнир во Торино и со што ја обезбеди првата позиција на АТП листата на крајот од сезоната.
- Фетаи со иронија за Груби и најава: По посетата на Косово сам ќе се предаде во Шутка! – По него ќе уследат и други апсења!
- БиХ: Татко ја дал 12-годишнaта ќерка за „голф двојка“
- На 24 декември човештвото ќе постигне успех еквивалентен на нашето слетување на Месечината
- Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март
- Дневен хороскоп за понеделник 23 декември! Успехот ги следи Раковите, Лавовите мора да внимаваат на сообраќајот
Иако беше видно исцрпен по исцрпувачкиот меч кој траеше повеќе од три часа, Новак по победата остана долго на теренот за да им оддаде почит на бројните навивачи кои му дадоа голема поддршка од трибините.
Се дружеше со обожавателите, делеше сувенири и трпеливо потпишуваше автограми.
Во еден момент добил многу необично барање.
– Можеш ли да ми потпишеш на градите? – го праша Ѓоковиќ еден воодушевен тип.
– Дали си сигурен? – праша со насмевка изненадениот Новак.
Во тој момент навивачот го подигна дресот и му покажа на Србинот каде да потпише, а дебитантот му ја исполни желбата.
Погледнете ја оваа интересна сцена:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.