Може да ја јадете за секој оброк: Рецепт за кето пица со тесто од 2 состојки (без брашно и квасец)

Мека пица која ќе ја јадете со сласт, а нема да имате ниту грам грижа на совест.
Кето рецептите се омилени за многу од славните личности баш поради тоа, а доколку сакате да јадете храна која ја обожувате без грижа на совест, тогаш ќе ви претставиме еден брз и едноставен рецепт во којшто ќе уживате во секое залче.

Состојки:
За „тесто“ за пица:

  • 4 јајца;
  • 1 шолја и половина моцарела.

За фил:

  • 3 лажици доматен сос;
  • 1 лажица оригано;
  • 1 шолја рендан кашкавал, малку моцарела;
  • маслинки;
  • рукола.

Подготовка:
Рерната загрејте ја на 200 степени Целзиусови. Јајцата и моцарелата помешајте ги така што убаво ќе се поврзат. Плехот обложете го со хартија за печење, додадете ја смесата и печете околу 15-на минути додека подлогата не добие златна боја.
Оставете ја неколку минути да се излади и зголемете ј температурата на рерната на 225 степени Целзиусови.
Тестото премачкајте го со домат и додадете оригано. Додадете кашкавал, маслинки или некој зеленчук по желба (пиперка, тиквички). Печете уште 10-на минути и ставете ја руколата на крај.

Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.