Можно ли е пратеник да стане Боби Мојсоски од ЛДП, а да испадне Исмаил Јахоски од ДУИ, или пратеник повеќе да добие ВМРО-ДПМНЕ – еве по колку гласови им недостигаат

Како што веќе пишувавме, ДИК одлучи дека прегласување ќе има на шест избирачки места во Изборната Единица број 5, и тоа: ИМ1844 Струга, ИМ1202 Крушево, ИМ1194 Крушево, ИМ1272 Охрид, ИМ1470 Долнени, ИМ1470/1 Долнени …

Според сознанија од Државната изборна комисија, вкупниот број на запишани гласачи на овие избирачки места е 3.521 избирачи, што може да влијае на промена на резултатот. Имено, доколку коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои 300 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш таа партија може да го добие единаесетиот мандат, на сметка на ДУИ кои би го изгубиле четвртиот мандат во оваа изборна единица.

Исто така шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, од коалицијата со СДСМ, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ, објаснуваат наши извори.

Инаку, комплетната листа на СДСМ за ИЕ 5: 1. Јован Митрески 2. Бисера Костадиновска-Стојчевска 3. Митко Трајчулески 4. Боби Мојсоски 5. Енес Ибрахим 6. Жаклина Лазаревска 7. Методија Илиевски.

Според сегашната состојба, мандат добија тројца од СДСМ, четворица од ДУИ, 10 од ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од Левица, Вреди и Знам.

Пронајдете не на следниве мрежи: