Во Хрватска температурите се превисоки, а топлината тешко ќе ја поднесете дури и ако сте покрај морето.
Тоа најдобро го покажуваат фотографиите од Дубровник, каде туристите на сите можни начини се борат со високите температури додека го разгледуваат градот.
Се мијат и се полеваат со вода, седат на улиците што се под сенка (ако успеат да најдат такви) и дури одат и без маици и во бикини, и покрај забраната и високите комунални казни за „голотија“ и „непримерно облекување“.