Монструмот од Ел Пасо оставил расистички манифест (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица се убиени, а 26 се повредени со прострелни рани, кога вчера 21-годишниот Патрик Касиус со калашников влетал во трговскиот центар во Ел Пасо, Тексас. Тој влегол во трговскиот центар без зборови и веднаш почнал да пука во купувачите и вработените. Се претпоставува дека мотивот на монструмот е расистички, бидејќи на 20 минути пред нападот, тој објавил манифест во кој изразува расистички ставови, како загрозен припадник на белата заедница во САД против мигрантите.

Убиецот патувал повеќе од 1000 километри од градот Ален во Тексас до Ел Пасо за да го изврши масакрот. Во моментов стотици граѓани на Ел Пасо донираат крв за повредените во нападот , во кој има и деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK