Мораше сите да ги вдомат: Наум Стоилковски ќе ги координира целите две портпаролки на Владата

Наум Стоилковски е именуван за Советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, соопштија од Владата.

-Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Стоилковски има повеќедецениска долга и плодна медиумска и новинарска кариера во домашни и странски медиуми, каде што професионално се надоградува и извршува повеќе функции во медиумската сфера.

Во неговата кариера работел во пишани медиуми, дневни весници, неделници, работел како ТВ новинар, уредник на вести, продусер, уредник и водител на ТВ и радио емисии, како и на современите интернет медиумски содржини. Оженет, татко на две деца, стои во соопштението од прес-службата на Владата.

Марија Митева и Венера Љатифи Азизи се избрани за портпаролки на Владата.

Пронајдете не на следниве мрежи: