Застрашувачкиот момент кога борбениот авион на Вооружените сили на Украина се претвори во блескава топка откако беше погоден од руски проектил, го сними камерата!Шокантното видео покажува како украинскиот МиГ-29, кој го следел руски борбен авион Су-35С, бил погоден со ракета воздух-воздух Вимпел Р-37, или „секира“ АА-13, управувана од далечина.Украински борбен авион се запалил, а црна трага од чад останала на небото додека леталото паѓало. Загина мајорот Андреј Ткаченко (33) од Лавов.
pic.twitter.com/uCAGdpXvq5— Pluton (@Pluton45873221) March 12, 2024
Воздушната битка се случила во петокот над Доњецк, но снимката дури сега се појавила на социјалните мрежи.Ткаченко, татко на едно дете, е на должност од почетокот на конфликтот во Донбас во 2014 година.