На денешната седница на Собранието, побарав да се тргне од дневен ред точката – Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен основ во втор степен.
Спорен член е членот 11, каде Република Македонија во целиот закон се заменува со “Република Северна Македонија”. Со ова, коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ го брише од писмен траг единственото уставно име и директно учествува во градењето на новокомпонираниот СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ идентитет. Дури и легалистичко да се толкува овој нелегитимен Преспански договор, ГРЦИЈА НЕМА ИСПОЛНЕТО НИТУ ЕДНА ОБВРСКА!
Ги нема потпишани меморандумите за соработка, ги нема променето сообраќајните знаци (уште стои Скопје и ФИРОМ), ниту пак ги има отворено двата гранични премини кај Преспа и Кавадарци. Чуму вакво вазалство од македонската влада за бришење на се’ што е Република Македонија, додека Грција го укинува Центарот за македонски јазик во Лерин?!
Дури и Мицкоски изјави дека со ваквиот потег Грција не го почитува Преспанскиот договор, но затоа неговите пратеници ревносно го спроведуваат Преспанскиот договор.
За моето барање да се тргне овој спорен член, коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ ГЛАСАШЕ ПРОТИВ…
И Република Македонија отиде во историја…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.