Мрсна храна се продава како посна: Ако производот ги содржи овие состојки ќе направите голема грешка

Внимавајте, бидејќи во време на строги пости, мрсното се продава како посно.
Во маркетите се продаваат „посни“ производи што содржат казеин и сурутка во прав, а потрошувачите не знаат дека овие две компоненти имаат животинско потекло и дека се, практично, измамени.
За време на Велигденскиот пост под ознака „посно“ на рафтовите се нуди храна што содржи млеко, желатин од животинско потекло, свинска маст и други мрсни состојки.
Според експертите, за посни производи се сметаат тие во кои млечните масти се заменети со растителни, но токму тука е манипулацијата.


-Производите што содржат казеин или сурутка (во прав) воопшто не се посни бидејќи потеклото на овие две компоненти е животинско. Точно дека од млекото се одделува млечната маст и таа се заменува со растителна, но казеинот останува, и затоа производот не може и не треба да се декларира како растителен, уште помалку како посен. Слично е и со сурутката, објаснуваат експертите.
Сурутката е исклучително здрава, има висока хранлива вредност, ја забрзува дигестијата, ама е со животинско потекло.
Се апелира потрошувачите повеќе да внимаваат при купувањето и секогаш да ги читаат декларациите.
Тие што постат треба да се информираат и за храната што ја консумираат во рестораните и сендвичарите, а се нуди како посна имајќи предвид дека може да биде подготвена на места и во садови во кои се готват и продукти од животинско потекло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.