Муамеди: Груби, на косовска телевизија збори за Македонците како да му се непријатели

Го следам Артан Груби во Косовската телевизија “РТВ Дукаѓини” како им објаснува на Косоварите дека Македонците (како етникум) имаат страв од Бугарите, од Грците, од Албанцие итн од можни територијални поделби и генерално ги претставува македонците како фобична нација, триумфалистички го покажува тоа дека клучните позиции им се земени на Македонците но не и калот и лошата инфраструктура по албанските населени места, дека на него шеф му е Али Ахмети, а не Димитар Ковачевски и многу други шовинистички муабети (нешта што не одат ниту во прилог на албанците ниту во прилог на македонците а на штета на сите).

Муамеди: Го гледам Груби, на косовска телевизија збори за Македонците како да му се непријатели

Значи заменик премиерот на Македонија (за него северна) за Македонците збори како да му се непријатели а не сограѓани.

Во вакви моменти Премиерот треба да излезе и да даде оставка бидејки кога твојот заменик така се претставува треба да му биде срам а не привилегија дека е Премиер.

Македонија и официјално нема Премиер односно има “Британска Кралица” Премиер а де факто премиер е Артан Груби.

(фејсбук статус на Умејр Муамеди)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.