МУКАЕТОВ ПО ТРЕТ МАНДАТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РАКОМЕТНАТА ФЕДЕРАЦИЈА, БЕЗ НИЕДЕН ГЛАС ПРОТИВ
Живко Мукаетов, генералниот директор на „Алкалоид“ дојде на чело на македонскиот ракомет во 2013 година, на местото на Михајло Михајловски и на денешното изборно собрание со акламација од присутните делегати доби трет мандат. Тој беше и единствениот кандидат за претседател, откако сите домашни ракометни клубови во изминатиот период му изразија поддршка.
Откако Мукаетов е претседател на РФМ, машката ракометна репрезентација нема пропуштено ниедно големо натпреварување, настапувајќи на пет светски и четири европски првенства.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.