Муртезани ќе им доделува зелен, жолт или црвен картон на министрите во зависност од спроведените реформи

Уставните промени не се услов за спроведување реформи. Сè уште сме најблиски со приближувањето кон ЕУ од сите земји на Западниот Балкан и ако почнеме со отворање поглавја, најоптимистички може да ги завршиме преговорите за 2 години, вели главниот преговарач и министер за европски прашања Орхан Муртезани.

Toj денеска ја презентираше Реформската агенда на  Македонија во период од 2024-2027 година, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија.

Вели дека Реформската агенда е добра шанса на брза трака ние да направиме одредени реформи за кои во нормални услови би требале од седум до десет години.

-Целта на РА е нас брзо да не спреми да бидеме членки на ЕУ. Јас како министер за европски прашања ќе се залагам и тоа ќе го правам на секоја владина седница, ќе реферирам како тече процесот на реформи. Дури и на колегите од Министерството веќе купив три картони –  зелен, жолт и црвен и тие што ги спровеле реформите ќе им биде врачен зелен, тие што имаат проблеми жолт, а тие што доцнат – црвен. Нема да ми биде проблем овој механмизам да го направам и јавен бидејќи сакам министерствата да имаат и јавен притисок да ги спроведат реформите. Во политиката казната следува на избори. Ако ние не ги апсорбираме сите пари ако одредени министерства се неуспешни казната на некој начин ќе следи, нагласи Муртезани.

Во врска со ефектите од неспроведувањето на реформите од страна на министерствата, Муртезани на прес-конференцијата со медиумите порача дека во политиката казната следува на избори.

-Ако ние не ги апсорбираме сите пари ако одредени министерства се неуспешни, казната на некој начин ќе следи, истакна главниот преговарач со ЕУ.

Промените на Уставот се само за исполнување на условот од преговарачката рамка за ЕУ, што може да трае 3,4, 6 месеци, прогнозира Муртезани. Во меѓувреме, ќе се работи на исполнување на реформската агенда за да покажеме одлично спроведени реформи со што ќе се изврши притисок врз Бугарија да го отстрани условувањето.

ВМРО-ДПМНЕ повика на стратегија за национално обединување за евроинтеграции. Коалицискиот партнер ВЛЕН повика на поддршка за уставни промени.

Пронајдете не на следниве мрежи: