Му откажа навигацијата на Мицковски велат иницијаторите за смена во ВМРО

Најпрвин го поздравуваме потегот што Христијан Мицкоски, реши да го прекине молкот и неговото исчезнување и криење од јавноста.

Жалиме што денес, после исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада, тој не собра храброст и демократски капацитет да ја понуди својата оставка пред членството на партијата. Членството најдобро знае дека единствен виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер е Христијан Мицкоски.
ПРОПУШТЕНА Е ИСТОРИСКА ШАНСА ВЕЛАТ ИНИЦИЈАТОРИТЕ ЗА КОНГРЕС

Додека “шпицниот” кандидат вчера го мачела дилемата дали да ја гледа синоќешната собраниска седница со пуканки или со чипс пред телевизор, членството на ВМРО-ДПМНЕ не може да се смири додека не најде одговор на прашањето “како можеше да се испушти ваква шанса”.

Одговорот е јасен. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ.

ОТКАЖА НАВИГАЦИЈАТА НА МИЦКОВСКИ

Мицкоски пред изборите тврдеше дека според навигацијата што ја имал и релевантните анкети, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ. На изборите се виде дека или лажел, или немал харизма за да ја материјализира таа предност или едноставно се договорил и му ја подарил победата на Зоран Заев.

Што и да е, подеднакво е лошо и недозволиво за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа одговорност и вонреден конгрес мора да има. Најпосакувано сценарио на Зоран Заев е Мицкоски да продолжи да ја води партијата во нови порази и после секој пораз да прогласува победи и да наоѓа оправдувања за пропустите.

Тоа не е опција ни за членството, ни за Македонија. Потребно е силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде сериозна алтернатива и ќе го совлада Заев.

Прочитајте уште и:
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.