Му поставил прашање на својот 4-годишен син, а неговиот одговор ќе ве разнежни

Новинарот на Бизнис Инсајдер, Стив Џон едно утро, додека го носел својот 4 годишен син во градинка го запрашал што всушност значи “среќа”.
После одговорот на малото детенце, Стив започнал длабоко да размислува.
“Сметам дека среќа е кога ти е удобно. Кога ти е многу топло и удобно”, рекол малиот Бен, а Стив продолжил да го испрашува.
“Тешко е да се објасни. Го знам тоа чувство, но не можам тоа да го опишам без да го употребам тој збор, па тешко е”, продолжи малото дете.


“Тоа е кога ти е многу удобно и се смееш и си многу среќен”, заклучи Бен на крајот.
Стив уште некое време размислувал за одговорот на својот син, па го сподели и со сопругата која веднаш се присети на пирамидата Маслоу за човечки потреби. Маслоу ја подели пирамидата на физиолошки потреби како вода и храна, потоа потребите за сигурност, љубов и припаѓање, почитување и самоактуализација.
“Потребни ми беа неколку моменти да ги поврзам сите тие работи, каде води сето тоа? Би рекол дека ако е потребен еден збор за сумирање на среќа, тогаш “удобност” би бил одличен избор”, заклучи Стив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.