Му ја одзеле дозволата – на рочиштето присуствувал преку видео повик, но додека возел (ВИДЕО)

Еден човек од Мичиген со суспендирана возачка дозвола се приклучи на дигитално судско рочиште за неговиот случај, но додека бил зад воланот.Едноставно, некои луѓе не можат без возење автомобил, без разлика што им е одземена возачката дозвола. За тоа сведочи еден неодамнешен случај од Америка кој е буквално „неверојатен“.Имено, Кори Харис физички не се појавил во судот на рочиштето на 15 мај, туку, како што се гледа на видеото објавено на социјалните мрежи, се вклучил преку апликацијата Zoom, и тоа додека возел.
A Michigan district judge was shocked after a man with a suspended driver’s license joined his court Zoom call *while driving a car* “Mr Harris, are you driving?”https://t.co/AdDfO5MVskpic.twitter.com/mh3eZXX9wb— philip lewis (@Phil_Lewis_) May 29, 2024
Во видеото, судијата Седрик Симпсон го прашува Харис дали возел кога се приклучил на рочиштето преку видео повик, а Харис одговара дека „е на на паркингот кај својот лекар“ и дека е подготвен за сослушувањето за „една секунда“.Адвокатот што го застапува Харис, Натали Пајт, побара рочиштето да се одложи за две до четири недели.„Добро, можеби нешто погрешно разбирам. Ова е возење додека дозволата е суспендирана“, рече Симпсон. А Пите потврди дека виделе лице како вози без дозвола.Судијата додаде: „Еве, го гледам неговиот рекорд. Тој нема дозвола, му е одземена, а тој вози“. Адвокатот потврди дека судијата е во право, кој беше во неверување.Тој издаде налог за Харис да биде задржан во притворскиот центар во округот Ваштенав истиот ден. „О, Боже мој“, рече Харис. Веднаш не беше јасно дали Харис се предал како што побарал Симпсон, пренесува NBC News.

Пронајдете не на следниве мрежи: