Наближува сезоната на настинки – оваа храна јадете ја превентивно

Оваа сезона одлучивме да делуваме превентивно и навремено за да се заштитиме од овие несакани појави, па затоа одлично време е да се потсетиме дека со намалувањето на температурите треба да ја засилиме нутритивноста на нашите оброци.
А на врвот на видовите на храна кои имаат високонутритивна вредност несомнено е леќата. Оваа кралица на намирниците е толку богат извор на сите хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам дневно, што заслужено е наречена и супер-храна. Што ја прави толку корисна?
Здравствените експерти се едногласни дека леќата ги намалува ризиците од дијабетес, дебелина, срцеви болести, лош холестерол и многу други, одличен извор е на витамини, минерали, протеини, влакна, како и потребните за нашиот организам рибофлавин, ниацин, магнезиум, цинк, манган и селен. Покрај ова, експертите се согласни дека леќата е најдобрата замена за месо во однос на количеството на здрави протеини кои ги содржи, што ја прави погодна за луѓето што одбираат алтернативни начини на исхрана.


Погледнете ги 7-те најголеми придобивки од леќата:
1. Го штити срцето и го намалува ризикот од срцев удар
2. Ја подобрува дигестијата и помага во одржувањето на телесната тежина
3. Го стабилизира крвниот притисок и го намалува ризикот од дијабетес
4. Ја зголемува енергијата и помага во концентрација при работа и учење
5. Помага во слабеење и го намалува нездравиот холестерол
6. Богат извор е на антиоксиданси и го намалува штетното дејство на слободните радикали во организмот
7. Ја храни мускулната маса

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.