Надал се поќелав, по новата фотографија му предлагаат да го направи она што го направи Агаси

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал веќе подолго време има проблем со опаѓање на косата, но најновите фотографии покажуваат дека Шпанецот станува се поќелав.

Неодамна најави дека по повредата наскоро ќе се врати на терените, а во меѓувреме големо внимание привлече фотографијата што ја направи со еден навивач.

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за пиење
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов …
Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка …

Тоа јасно покажува како Надал се бори со недостатокот на коса, што е негов заштитен знак со години на АТП турнејата.

Некои коментари велат дека треба да го следи примерот на Андре Агаси и да си ја скрати косата ќелава.

Да потсетиме, Надал најави дека во јануари ќе биде подготвен за стартот на новата сезона, а ќе настапи на турнирот во Бризбејн, Австралија, кој ќе му претходи на Австралија Опен.

Така Надал ќе се обиде максимално да се врати во натпреварувачка форма во пресрет на првиот Грен слем сезонава, а дали ќе биде успешен останува да се види.

Последен пат Надал го видовме на теренот во јануари годинава, кога загуби од Мекензи Мекдоналд во второто коло на Австралија Опен. После тоа објави дека нема да игра до крајот на сезоната поради повреда на колкот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.