Повеќе од 1.000 мигранти од земјите од Субсахарска Африка пристигнаа на Канарските острови со 18 чамци во изминатите три дена, соопшти шпанската поморска спасувачка служба. Во еден од чамците било пронајдено мртво тело.
- Трендафилов: Работничкиот дом останува на работниците!Работничкиот дом е на работниците! Вака ја започна прес-конференцијата претседателот на Сојузот на… Read more: Трендафилов: Работничкиот дом останува на работниците!
- Укината целосната забрана за движење во шумаУкината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за… Read more: Укината целосната забрана за движење во шума
- Не знаеш кој е подобар фраер! Џорџ Клуни и Бред Пит во елегантно издание ги излудеа женитеБред Пит носеше беж костум, бела кошула и беж чевли. Лежерно го откопча… Read more: Не знаеш кој е подобар фраер! Џорџ Клуни и Бред Пит во елегантно издание ги излудеа жените
- Путин: Во Русија производството на оружје е значително зголеменоПретседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Русија значително го зголемила производството… Read more: Путин: Во Русија производството на оружје е значително зголемено
- Принцот Вилијам ја изневерува Кејт со овој познат маж? Шок фотографиите од ресторан во Полска ги подгреаа гласините за врскаСветот го потресе веста дека принцот Вилијам има преференции за ист пол, а… Read more: Принцот Вилијам ја изневерува Кејт со овој познат маж? Шок фотографиите од ресторан во Полска ги подгреаа гласините за врска
Архипелагот во близина на брегот на северозападна Африка доживеа нагло зголемување на миграциските текови во последните неколку недели, бидејќи сè повеќе Западноафриканци се решаваат за опасното патување по вода до шпанските острови. Според властите, само во јануари пристигнале 7.270 мигранти, што е колку за целата прва половина од минатата година.
Повеќето чамци поаѓаат од Мавританија. Шпанскиот премиер Педро Санчез и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во четврток ќе ја посетат западноафриканската земја за да ги повикаат тамошните власти да го ограничат бројот на мигранти што ја напуштаат нивната територија.
Шпанија и ЕУ склучија договори за соработка со Мавританија и соседниот Сенегал за намалување на миграциските текови кон Канарските Острови
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.