Повеќе од педесет цивили се убиени во саботата во напад на милитантите во градот Ел Сиреаф во областа Дарфур во западен Судан, пренесе AFP повикувајќи се на очевидци.
Нападот според очевидците го извршиле Арапи припадници на локална паравоена групација. „Тие употребија огнено оружје и запалија 30 домови, 53 лица загинаа“, го цитира агенцијата еден од жителите на градот, каде и во минатото имаше меѓуетнички судири, како и судири со криминални банди. Повеќето од 100-илјади жители го напуштија градот поради овие конфликти или од сличните судири.
Од почетокот на февруари, во Дарфур се изведени голем број напади и убиства, меѓу кои е и оној од 10-ти февруари кога непозната група нападна населба во близина на бегалскиот камп Зам Зам во северниот дел на регионот и го уби командантот на „Движењето за ослободување на Судан – историска команда“, Адам Абкар.
Изминатите десет години регионот Дарфур во западен Судан е боиште на кое се судираат владината армија и голем број бунтовнички движења, од кои некои дејствуваат како банди кои се занимаваат со грабежи и киднапирање луѓе за откуп.
МакфаксПовеќе од педесет цивили се убиени во саботата во напад на милитантите во градот Ел Сиреаф во областа Дарфур во западе