Наезда на стаорци во Париз, на градот му се заканува инвазија

Париз се соочува со наезда на стаорци, а дел од граѓаните за тоа ја обвинуваат градоначалничката Ан Идалго, која според нејзините политички опоненти повеќе се грижи за активностите за заштита на животната средина, отколку за јавната чистота.
Иако стаорците не се непозната појава во историјата на францускиот главен град, сепак парижани изминатите неколку години се жалат на нивните зачестени појави.
Во меѓувреме се појавија видео снимки од групи на стаорци како се движат низ кантите за ѓубре и градините долж Сена, а често можат да се видат и низ парковите.


„Њујорк тајмс“ во 2016 година објави дека француската престолнина се соочува со најголемата криза со стаорци изминативе неколку децении, а локалните власти потврдија дека нивниот број се зголемил и дека во 2017 година издвоиле 1,5 милиони евра за решавање на овој проблем.
Според дел од граѓаните ако проблемот не биде наскоро решен на градот му се заканува инвазија.
Тие наведуваат дека 2018 досега е најлоша што се однесува на бројот на стаорци, а некои жителите на долните катови ставаат метални мрежи на прозорците за да се заштитат.
Поради ова Жефроа Булар од Републиканската партија формираше и волонтерска бригада за борба против стаорците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.