Наместо да седи во домашна изолација, маж од Неготино седнал во кафеана

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против С.П.(33) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 30.12.2021, полициски службеници го забележале пријавениот во угостителски објект, со што постапил спротивно на решението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравствен надзор и домашна изолација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.