Наместо на 58 рударите ќе се пензионираат на 50 години

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, по ново ќе се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите и се исправа една голема неправда.
Измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите се усвоени од Собранието и ќе стапат на сила веднаш по објавувањето во Службен весник.
-Со измените и дополнувањата на Законот се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж. Ќе продолжиме со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење. – наведува Министерстсвото за труд и социјална политика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.