Првата дама на САД повторно е главна тема помеѓу Твитерџиите. Овој пат немаше дилема дали носи панталони или покренува тренд на носење една ракавица, туку дали нејзиниот капут е навистина капут или наметка за дома.
На состанокот со колумбискиот претседател Иван Дуќе Марќез и неговата сопруга, Меланија носела розов капут со кариран дезен и крзнени додатоци на краевите на ракавите. Иако цената е вртоглава, 3.500 долари, овој Фенди капут многумина го споредија со наметка за дома.
“За мене ова е наметка. Многу скапа наметка”, “Ова е сарказам, зарем не? Изгледа како наметката која ја имав на 13 години. Дали е тоа вистинско крзно? Убиле животно за да направат грда наметка”, се само дел од коментарите со кои корисниците на Твитер ја почестија Меланија.
Како и да е, после нејзиното појавување, овој капут се распродадол во само неколку часа и покрај високата цена и наводната сличност со наметка.