Напади врз синагога, црква и полициска станица во Дагестан, најмалку седуммина убиени

Во координиран напад врз синагога, православна црква и полициска станица, најмалку шестмина полицајци и еден свештеник се убиени во руската република Дагестан.

Нападот врз синагогата е во градот Дербент, кој важи за дом на еврејската заедница во доминантно муслиманскиот регион.

Синагогата, заштитена од УНЕСКО била запалена.

Во истиот град нападнати се и две православни цркви, при што бил убиен свештеник. Истовремено била нападната полициска станица во Махачкала.

Руското министерство за внатрешни работи соопшти дека во престрелката биле убиени и најмалку двајца напаѓачи.

Пронајдете не на следниве мрежи: