Агресивно однесување, закани и напад на полицајци се регистрирани денеска во три одделни случаи.
Како што информира МВР, во првиот случај, Т.И.(54) – судски полицаец од Скопје вчера, во 11.00 часот, во СВР Скопје пријавил дека околу 10 часот бил нападнат на неговото работно место. Нападот се случил во Основен граѓански суд. Лицето било физички нападнато од С.Х.(65) од Скопје.
Во вториот случај, пак, синоќа, во 23:30 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Штип затоа што физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Притоа Ф.С. употребил и остар предмет и му нанел повреда на полицаецот.
– По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветен поднесоци, најави МВР.
Во третиот случај, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.К.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Г.К. на 13 август 2024 во Кичево телефонски упатил закани кон полициски службеник од Кичево затоа што претходно му издал прекршочен платен налог.