Според Пентагон, американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во Црвеното Море.
Возилото кое излета во Вардар извлечено: Пронајдени три тела, потрагата по четвртото лице продолжува
Возилото што попладнево излета во реката Вардар во близина на селото Рашче е успешно извлечено од водите. Од него биле извадени телата на три лица, додека потрагата …
ПРОМЕНИ: WhatsApp престанува да работи на некои уреди: проверете дали вашиот е меѓу нив
Со новата година доаѓаат промени на WhatsApp. Најавено е дека некои постари паметни телефони веќе нема да можат да ја користат апликацијата од 2025 година. Станува збор …
„Свесни сме за извештаите за напади на УСС Карни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации штом ќе станат достапни“, соопшти Пентагон.
Британската Армија, да потсетиме, претходно објави дека имало напад со дрон и експлозии во Црвеното Море, но без детално објаснување.
Пентагон се уште не соопштува кој стои зад нападот.
Да потсетиме, јеменските бунтовници Хути извршија серија напади врз бродови во Црвеното Море и лансираа беспилотни летала и проектили кон Израел по почетокот на конфликтот во Појасот Газа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.