Нападнат е Израел! Ракета го погоди Тел Авив, има ранети (видео)

Израелската армија соопшти дека ракета на бунтовниците Хуту истрелана од Јемен синоќа го погодила Тел Авив и дека во тој напад полесно се повредени 30 лица.Тоа се случи два дена по серијата израелски воздушни напади врз главниот град на Јемен, Сана, под контрола на Хутите, и пристанишниот град Ходеида, во кои загинаа најмалку девет лица.
Israeli forces say rocket fired from Yemen hit area of Tel Aviv overnight, leaving 16 people slightly wounded pic.twitter.com/7cJ3ikkrSk— TRT World Now (@TRTWorldNow) December 21, 2024
Израелските напади беа одговор на нападот на Хутите во кој ракета со долг дострел погоди израелско училиште.Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив и велат дека нема да запрат додека не дојде до прекин на огнот во Газа.
Yemen’s “Palestine-2” #hypersonic_missile evaded the Israeli regime’s defense systems, hitting the target in Tel Aviv with precision this morning. #Yemen#Ansarallah #Palestine #TelAviv pic.twitter.com/kaTvTJCKRx— IPNA (@irannewsvideo) December 21, 2024
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш рече дека нападите од двете страни ризикуваат понатамошна ескалација во регионот и ги поткопуваат напорите на ОН за воспоставување траен мир.

Пронајдете не на следниве мрежи: