Нападнат поради амблем на српската војска

Loading...

Кумановската полиција го приведе и поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Д. од кумановско Черкеско село, откако нападнал лице кое носело јакна со амблем на војската на Република Србија.

Инцидентот се случил во неделата околу 05:20 часот. Пријавениот на бензинската пумпа „Твинс Петрол” го забележал 24-годишниот М.Н. од селото Љубодраг, облечен во јакна со амблем на српската војска и започнал вербална расправија со него. При обидот М.Н. да влезе во своето возило, А.Д. со кундак од пиштол удрил по возилото, а потоа со нож го исекол амблемот од јакната на нападнатиот.
Полицијата изврши и претрес во домот на напаѓачот, каде е пронајден и одземен пиштол. Пријавениот во полициската евиденција минува за сторено кривично дело „насилство”.
Макфакс
Кумановската полиција го приведе и поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Д. од кумано

loading...