Напад врз христијаните од областа Ал Мина во Египет

Двајца жители и пожарникар биле ранети во завчерашниот напад врз домовите на христијанското население во египетската област Ал Мина.
Нападот врз коптската заедница во селото Демшау Хашем го извршиле нивните муслимански соседи, а како повод го навеле фактот што Коптите се молеле во нивните домови. Епископот Макариос од Ал Мина преку социјалните медиуми информираше дека напаѓачите подметнувале пожари во имотите на христијанските жители. Египетските власти информираа дека 38 напаѓачи биле притворени.


Коптите во Египет честопати се цел на напади на муслимански екстремисти, а се соочуваат и со проблеми при градењето нови цркви, поради што честопати мораат да ги користат своите домови како импровизирани светилишта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.