Напаѓач бодел со нож случајни минувачи! Хорор во Париз: Едно лице загина, друго е повредено

Едно лице загина, а друго е повредено откако вооружен маж нападна минувачи во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

– Полицијата штотуку уапси напаѓач кој нападна минувачи во Париз, околу кејот Гренел. Париската противпожарна бригада пронашла едно мртво и едно повредено лице. Избегнувајте го просторот – напиша министерот на мрежата Х.

Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури. …
Два хороскопски знаци кои сакаат да глумат жртви
Веројатно сите знаеме луѓе кои претпочитаат да ги нагласат грешките што им се направени наместо да преземат одговорност. Ова однесување може да остави впечаток на манипулација или пасивна агресија. …

Според информации на BFMTV, маж нападнал со нож случаен минувач на мостот Бир Хакеим околу 21:45 часот. Жртвата починала од кардиореспираторен застој. Тој е маж од германска националност и е роден на Филипините.

Напаѓачот нападнал уште најмалку двајца туристи со чекан а потоа бил уапсен. Полицијата употребила електричен пиштол за шок за да го онеспособи напаѓачот.

Според информациите на BFMTV, напаѓачот е Арманд Р., роден 1997 година, познат по радикален исламизам и психијатриски нарушувања. Има француско државјанство.

Националното обвинителство за антитероризам ја проценува ситуацијата во оваа фаза и сè уште не започнала истрага.

Пронајдете не на следниве мрежи: