Наполи ја пречекува ’Старата дама’

Loading...

Фудбалското првенство на Италија продолжува со мечевите од 17.коло, а дерби натпреварот ќе се одигра во петок, во Неапол.

Актуелниот првак и лидер во шампионатот Јувентус ќе му гостува на Наполи, во меч кој во многу нешта може да го одреди понатамошниот тек од првенството. Јувентус на табелата има шест бодови повеќе од Наполи и со евентуална победа ќе заврши голем дел од работата, кога е во прашање одбраната на титулата. Наполи, доколку сака да ги задржи надежите за освојување на скудетото ќе мора да победи. Во тимот на Јувентус за овој меч е најавен и Џорџо Кјелини кој извесен период отсуствуваше поради повреда. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев се надева на место во стартниот состав на Наполи, откако на последните две средби заедно со Кавани во шпицот на нападот натпреварите ги започнуваше Инсиње. Второто дерби во ова коло ќе се одигра во сабота, на „Сан Сиро“, Милан ќе го пречека Лацио. Ова ќе биде борба за третото место на табелата, Лацио има два бода повеќе од Милан. Екипата на Масимилијано Алегри поради домашниот терен, но и формата во која се наоѓа е фаворит на овој натпревар. Серија А 27.коло, двојки:Петок, 1.март:Наполи-ЈувентусСабота, 2.март:Милан-ЛациоНедела, 3.март:Торино-ПалермоБолоња-КаљариФиорентина-КиевоКатанија-ИнтерСампдорија-ПармаПескара-УдинезеРома-ЏеноваТабела: Јувентус 58, Наполи 52, Лацио 47, Милан 45, Интер 44, Фиорентина и Катанија 42.
Макфакс
Фудбалското првенство на Италија продолжува со мечевите од 17.коло, а дерби натпреварот ќе се

loading...