Направен точен и прецизен апарат за предвидување земјотреси

Исландски научници велат дека конструирале точен и прецизен апарат за предвидуање земјотрес, кој работи со помош на кабел со оптички влакна за следење на сеизмичката состојба, пренесува Би-би-си.
При испитувањата се дојде до заклучок дека обичниот оптички кабел за пренос на интернет и телевизиски сигнали е прилично чувствителен на движењето на почвата. Така, заедно со колеги од Германскиот центар за геофизички испитувања, исландските геолози преку кабел со оптички влакна, којшто поврзува две електростаници, пуштиле мал ласерски импулс кој се покажал доволен за забележување на сеизмичката активност каде што минува проводникот.


Благодарение на новата технологија, научниците сметаат дека ќе можат со голема прецизност да ги предвидуваат земјотресите пред да се случат, како и епицентарот и хипоцентарот на сеизмичката активност. Се верува дека тоа ќе придонесе за ефикасна превенција од човечки жртвии поголема материјална штета.
Новата технологија е веќе во фаза на тестирање во геолошки лаборатории во Мексико и Јапонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.