Направете сами домашен мајонез без јајца – едноставен и вкусен

Рецептот е едноставен, лесен и брзо се прави, а мајонезот можете да го замените дури и во омилената рускаа салата, или во слични салати со тестенини.
Потребни состојки:
2 лажици густин
4 лажици млеко
4 лажици вода
2 лажички сенф
3 лажици масло
1 лажичка сок од лимон или бел вински оцет
малку сол
малку бибер
Подготовка:
Во сад измешајте го густинот со вода и млеко и потоа загрејте ја смесата до вриење. Веднаш тргнете од оган и оставете да се излади на собна температура.
Во изладената смеса промешајте една лажичка сенф и потоа измешајте со мала брзина со постепено додавање масло. На крај додадете уште една лажичка сенф и оцет или сок од лимон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.