Заради силното јужно и југозападно воздушно струење пред нас се денови кога атмосферата ќе биде исполнета со прашина и со песок од Сахара. Тоа ќе услови и невообичаено високи температури на воздухот кои на почетокот од ноември ќе се искачуваат од 22 до 28 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и до 30 степени. Очекуваните температури се повисоки од вообичаените за овој период и за повеќе од 10 степени.
Времето ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во текот на претстојната ноќ како и утре изутрина претежно во западните и северните предели ќе има услови за повремен локален дожд. Повремен локален дожд повторно се очекува и во вторник.