Насилниците ја признаа вината за навредите и тепањето на 21 годишната штипјанка

Насилниците ја признаа вината за навредите и тепањето на 21 годишната штипјанка

Двајцата штипјани кои навредуваа и тепаа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимаа на мобилниот телефон денеска пред беа изведени пред судот. Дознаваме дека изразиле каење и вина за стореното дело.

Адвокатот што ги брани, Валентин Зафиров по рочиштето во штипскиот Основен суд изјави дека имале фер судење. Неговите клиенти се спремни и да ја обештетат оштетената, а ветиле и во иднина да не прават вакви или слични кривични дела.

Адвокатката на жртвата, Билјана Андонова по рочиштето изјави дека очекувано било обвинетите да признаат вина, и тогаш согласно Кривичниот законик не се изведуваат докази. На 30 април е закажано објавувањето на пресудата. Таа очекува строга казна без оглед на тоа што обвинетите ја признале вината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.