Референдумот во Македонија привлече големо внимание кај регионалните и светски медиуми и новински агенции. Кај поголемиот дел од нив извештаите за гласањето се најдоа помеѓу првите вести во рубриките „свет“ или „Европа“или на насловните страници на нивните интернет изданија.
Британскиот Би-Би-Си својот текст за референдумскиот ден го наслови: „Референдум во Македонија: Гласањето за промена на името не успеа да го достигне потребниот цензус“, додека угледниот “Гардијан“ напиша: „Македонија се соочува со криза откако референдумот за промена на името доживеа мала излезност“.