Лошиот период дефинитивно е зад пејачката Наташа Беквалац, а она што наскоро ќе го доживее е пресврт на сите полиња, ова за српски ВИП, визионерот на иднината Владо Кечина.
Тој вели дека пејачката наскоро ќе ја најде љубовта на својот живот на која во наредните две години ќе му роди и син.
-Беквалац до сега поминуваше низ тежок период во животот, немаше среќа во љубовта, а ниту во работата. За Наташа сега гледам само убави работи, се што беше неубаво ќе остане зад неа… Таа порано беше каменувана најчесто поради мажите со кои беше, но и поради погрешни животни одлуки. Таа сега доживува некој вид на преображение, ќе воскресне… за неа животот тек почнува, вели визионерот на иднината.
Тој додава дека ќе ја пронајде љубовта на својот живот која ќе трае до крајот на животот.
Во наредните две години пејачката ќе роди син. Ќе биде тоа убаво и здраво момче родено од голема љубов. Бременоста ќе и биде ризична, па затоа мора малку повеќе да се одмора и да ужива, вели Кечина.