Капитенот Кирил Лазаров натпреварот со Шпанија го заврши со пет постигнати голови и успешност на шут од 56% , смета дека одигравме без калкулации , според Лазаров, натпреварот со Исланд е финале за Македонија на овој Мундијал.
-Не ги искористивме шансите, одигравме квалитетно прво полувреме, во вториот дел видовте што се случи. За нас утре е финале, натпреварот со Исланд мора да го добиеме . Против Шапнија игравме без калкулации, добро е што по резултаскиот пад чувавме сили кои ке ни бидат потребни за утрешниот натпревар. Да заборавиме што побрзо на овој меч и да се насочиме на главниот дуел со Исланд. Тоа е репрезентација која покажа добар квалитет. Подмладена е, но сите играчи играат во силни клубови. Палмарсон е нејзин предводник, играат незгоден скандинавски ракомет – изјави Лазаров.