„Натрапник“ го нападна Роналдо

Португалската фудбалска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство уште во минатото коло.
Кристијано Роналдо со два гола го најави триумфот во Босна и Херцеговина, а потоа до крајот на полувремето во листата на стрелците се запишаа и Бруно, Кансело и Жоао Феликс.

Во овој дел од играта, најголемата португалска ѕвезда се соочи и со една несекојдневна ситуација на теренот, бидејќи беше нападнат од „натрапник“, а за малку ќе беше повреден од обезбедувањето.
Безбедносните лица не дозволија навивачот да му нанесе штета на Роналдо, но Португалецот заработи мала повреда од мешаницата која настана околу него.

Сепак, добра вест беше што не се работеше за ништо посериозно, по што полувремето го заврши со насмевка и со селфи со еден од редарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.