Науката објаснува зошто се зголемува нашата тежина во зима и што може да направиме за да го спречиме тоа

Луѓето често ја обвинуваат сезоната на празници за зголемувањето на телесната тежина во зима и тие имаат валидна причина – забавата и прославите се совршениот виновник. Но, според повеќе истражувања, всушност станува збор за нешто повеќе од обично прејадување за Божиќ.
Со недостаток на сончева светлина и нашите механизми за преживување, зголемувањето на телесната тежина се чини не само реално, туку и тешко да се избегне во зимскиот период. Еве и зошто:
Нашиот метаболизам се зајакнува


Во зима, нашиот метаболизам забележително се подобрува: Нашето тело се обидува да потроши повеќе енергија за да ја стабилизира својата температура и да остане топло. Тоа значи дека ни треба повеќе храна за овие дополнителни трошоци за енергија. Нормално, чувствуваме потреба да јадеме повеќе за да ја достигнеме новата стапка на метаболизамот.
Решение: Поминувајте повеќе време во топла и пријатна околина за да ги минимизирате ресурсите што вашето тело ги троши на загревање, за да не ви треба дополнителна храна. За среќа, ова не е толку тешко во денешно време и во нашата околина, каде е лесно да ја контролираме температурата.
Нашите клетки складираат повеќе маснотии


Едно истражување откри дека нашите масни клетки реагираат позитивно на сончевата светлина. Клетките кои се најблиску до кожата, кога се изложени на сонце, стануваат сè помали и со тоа складираат помалку маснотии. Значи, од друга страна, недостатокот на сончева светлина може да ја зголеми способноста на клетките да складираат маснотии, што нè прави поподложни на зголемување на телесната тежина.
Решение: Поминувајте повеќе време на сонце во зимските денови, колку што е најмногу возможно. Разбудете се порано за да имате поголема шанса да го фатите изгрејсонцето и да поминувате повеќе време на отворено. Зграпчете што повеќе сончева светлина од денот!
Се подготвуваме за „хибернација“


Луѓето се повеќе слични на мечките отколку што мислиме: Како мечките и ние се обидуваме да спиеме за време на поладните месеци. Науката сугерира дека со студ започнуваат нашите примитивни инстинкти и ние несвесно се обидуваме да складираме калории, исто како и мечките кои се подготвуваат за хибернација. Некаде длабоко во нас сè уште живее стравот да не можеме да ги најдеме потребните хранливи материи кога храната станува ограничен извор во зима.
Решение: Опуштете се. Ништо не можете навистина да направите во врска со тоа. Стуткајте се во меките ќебиња со омилената серија на Нетфликс и топло чоколадо и замислете дека сте мечка – единствената разлика е во тоа што ние сме будни во поглемиот дел од времето.
Се обидуваме да се стоплиме преку јадење


Студот може да предизвика некои промени во однесувањето што поттикнуваат складирање на маснотии. Поточно, јадењето е начин да се крене температурата на нашето тело и затоа кога ќе започне студот, веројатно прво нешто по што ќе посегнеме е токму храната. Кога нашето тело метаболизира нешто, тоа генерира природна топлина, па затоа копнееме повеќе за храна да ни помогне да се загрееме. Исто така, имаме тенденција да јадеме повеќе „удобна“ храна како топли колачи и слатки.
Решение: Јадете храна што се вари подолго – како работи богати со здрави масти, протеини и јаглехидрати – бидејќи тие подолго време ќе ве одржат топли. Посебно се споменува бананата, која е богата со витамин Б и магнезиум, помагајќи им на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди да ја регулираат температурата на вашето тело.
Ни се спие повеќе


Недостатокот на сончева светлина што го доживуваме кога деновите се пократки во зима, влијае на нашите хормони. Нашите епифили реагираат на недостаток на сончева светлина со производство на повеќе мелатонин, одговорен за нашиот циклус на спиење и будење. Значи, имаме тенденција да чувствуваме повеќе поспани, додека повисокото ниво на мелатонин може да го зголеми нашиот апетит. Во суштина, ќе се фатиме себеси како јадеме повеќе и се движиме помалку во текот на студените месеци.
Решение: Обидете се да го контролирате производството на мелатонин со консумирање на храна што го содржат истиот и со повеќе изложување на сончева светлина. Доматите, маслинките, житарките и непреработеното млеко имаат значителни количини мелатонин. Зрната кафе исто така имаат значителна концентрација на овој елемент. И сето ова е богато со витамини и минерали, па не само што го балансираат нивото на мелатонин, туку и го зајакнуваат вашето здравје во целост.
Помалку е веројатно да вежбаме


Со сè што е наведено погоре, се подразбира дека сме многу помалку мотивирани да отидеме во теретана во зима. Студеното време и пократките денови нè обесхрабруваат да не излегуваме надвор заради вообичаените активности. Значи, зимскиот животен стил и поминувањето повеќе време во затворен простор навистина може да придонесе на зголемување на телесната тежина.
Решение: Изберете вежби што можете да ги правите дома. Обидете се да го избегнете пасивниот начин на живот. Практикувајте 20-30 минути пешачење секојдневно. Исто така зимските спортови како скијање и лизгање на мраз не само што се корисни, туку се и исклучително забавни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.