НАУНОВСКИ: Моќната гебелсовска мицковистичка пропаганда – МАНИПУЛИРА!

Декомпонирано однесувањето на БЕЛАТА ПАЛАТА и ликовите кои преку неа се борат за фотеља, а не за некакви национални интереси:

Науновски кон Милошовски за кој тврди дека манипулира:

…нека излезе овој од Кичево на бина и нека им каже на собраните таму дека целта на протестите е подобрување на францускиот предлог (преговарачката рамка).

Сосема е јасно дека речиси никој од овие што одат по улици не го прочитал францускиот/европскиот/американскиот предлог, документ.

Но моќната гебелсовска мицковистичка пропаганда која апсолутно доминира во јавниот дискурс и медиумите успеа да ја наметне таа нарација, успешно манипулирајќи ги природните патриотски чувства кои и немаат многу интеракција со разумот.

Еве, како уште еден показател за валканата политичка игра на мицињата нека излезе овој од Кичево на бина и нека им каже на собраните таму дека целта на протестите е подобрување на францускиот предлог (преговарачката рамка).

Веројатно ќе го исвиркаат – не верувам дека луѓето протестираат заради – подобрување на предлогот (има многу кои се за целосно отфрлање, против ЕУ и сл.), ама еве, видете, после писмото на Кејти, тоа стана главна цел на војводите на дпмне.

Се разбира, тоа нема да се случи, но во меѓувреме создаваат партиски рејтинг и квази нарација дека се патриоти, жонглирајќи меѓу лагите кон народот и колаборационизмот со ЕУ и САД.

Ем риба ем девојка, ем мициња ем мангупчиња.

Да не одело брзо и лесно гласањето, еве јасно ви кажува овој зошто им одите на протести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.