Новите истражувања покажаа дека во наредните децении, односно до 2060 година ќе биде соборен сегашниот рекорд на човечки животен век.
Дали постои ограничување на животниот век на човекот се дебатира стотици години, но проценките покажуваат дека максималниот животен век е зголемен, барем според запишаните историски податоци. На пример, Евреите од доцното бронзено време сметале 80 години за најдолг животен век, а 1.000 години подоцна Римјаните верувале дека тоа всушност е 100 години.
Сепак, денес рекордот за најстара личност на светот го држи Жан Калмент, жена која почина во 1997 година на 122-годишна возраст. И покрај напредокот на медицината, никој досега не успеал да го надмине овој рекорд.
Сепак, новото истражување покажува дека луѓето допрва треба да го достигнат својот максимален животен век, а сегашниот рекорд би можел да биде соборен до 2060 година. Истражувањето сугерира дека ако постои максимална граница на човечкиот животен век, ние сè уште не сме се приближиле до тоа.
Според истражувањето на американските научници, Јапонките ќе го соборат рекордот. Научниците користеле математички модел за да ги предвидат трендовите на смртност за следните години. За таа цел, беше анализиран историски моментален збир на податоци за смртноста на луѓето на возраст од 50 до 100 години (луѓе родени помеѓу 1700-тите и крајот на 1900-тите до 1969 година) од 19 земји, а пресметките беа искористени за да се предвиди возраста која би луѓето би можеле да стигнат во иднина.
„Откривме дека групите родени помеѓу 1900 и 1950 година историски доживеале невидено доцнење во смртноста, но се уште се премногу млади за да ги соборат рекордите на долговечноста. Бидејќи овие групи достигнуваат напредна возраст во наредните децении, рекордите за долговечност би можеле значително да се зголемат,“ наведуваат авторите.
Според статистичките анализи, Јапонките би можеле да доживеат 122 години во наредните децении. Луѓето родени во 1930-тите или 1940-тите, исто така, би можеле да соборат рекорди за долговечност во наредните децении доколку имаат добро здравје и медицинска нега.
Пронајдете не на следниве мрежи: