Научно-стручна конференција за влијанието на евроатланските интеграции врз економијата

Научно-стручна конференција на тема: “Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економијата во Република Македонија”, ќе се одржи во среда во просториите на Стопанската комора на Македонија.

Конференцијата се очекува да ја отворат заменик Претседателот на Владата на Република Македонија за европски интеграции д-р Фатмир Бесими, министерот за економија Ваљон Сараќини и државениот секретар на Министерството за одбрана Сашо Стефановски, а на свеченото отворање ќе говорат и ВД Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. Д-р Борис Мургоски, Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија Горан Рафајловски и Потпретседателот на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани.
На конференцијата, меѓу другото, ќе биде презентирано истражување за влијанието врз земјите од членството во НАТО во последните неколку проширувања на Алијансата.
Во трите панели свои обраќања покрај професори од Факултетот за безбедност-Скопје, Филозофскиот факултет ќе говори и Амбасадорот на Република Словачка во Македонија Н.Е. Роберт Кирнаг, Горан Марковски, Главен Извршен директор, КБ Публикум Инвест АД Скопје воедно и инвестициски советник, економскиот експерт Кире Наумов, Д-р Зоран Колев од ТТК Банка, претставници од Министертсвото за одбрана и други економско-финансиски ресори во Владата и менаџери од бизнисот.
Целта на оваа конференција е да ги соберат на едно место владините преставници како и претставниците на граѓанскиот сектор, истражувачи, компании, академското и тинк тенк општеството за да ги споделат своите идеи и погледи во насока која е многу значајна за развојот на нашата држава, т.е развој на економијата преку интеграцијата на Република Македонија во Евро-Атлантските организации.
На конференцијата ќе бидат презентирани дел од придобивките од членството во Евро-Атлантските организации преку практични примери од земјите во регионот. Ќе бидат понудени и практични препораки и сценарија за економскиот развој на Република Македонија како резултат на успешно завршениот процес на на евро – атлантската интеграција.
Конференција е од големо значење за академската и бизнис секторот во Македонија, бидејќи ќе ги проучи македонските економски и бизнис интереси како и бенефитите од евро – атлантската интеграција.
Научно-стручна конференција на тема: “Влијанието на евро – атлантските интеграции врз економиј

Пронајдете не на следниве мрежи: