Најави за невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Денес претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 19 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 26 до 34 степени.
И во Скопската Котлина претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе изнесува 31 степен.
Слично време се најавува и за утрешниот ден, а во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.